Неагу и донесе победа на Романија: Втор пораз на Шпанија

Ракометарките на Романија ја забележаа првата победа во втората фаза. Шпанија немаше сили во последните минути, а романките заслужено дојдоа до посакуваната победаГрупа 1 ( Дебрецен)

Шпанија – Романија 20:22 (14:9)

Шпанија одлично го започна натпреварот, но лошo го затвори. Со водството од 9-7 во текот на 15тата минута репрезентацијата на Романија потешко од очекуваното наоѓаше позиција да ја погоди мрежата на Наваро. Предводник на шпанската селекција во првиот дел беше Кабрал Барбоса која беше незапирлива енигма за Романките. Од минута во минута растеше водството на Шпанија за највисоки 14-9 по 30 минути игра.

Вториот дел започна со цврста одбрана и сигурни напади на Романија. Арден Елисеи и Кристина Неагу со своите први погодоци во вториот дел го намалија водството на  три негатива. Селекторот на Романија ги изротира сите ракометарки на терен, па така во листата на стрелци се запишаа и Флорина Марина и Пирвут Анета кои намалија на само еден негатива. Грешките на Шпанките почнаа да се зголемуваат, а Романките секоја грешка ја претвораа во гол. Наваро и одбраната беа немоќни додека Кристина Неагу со своите проектили гол по гол ја враќаше својата селекција во игра.
Токму со голот на Неагу за 16 -16 настана ерупција во салата и голема радост кај романските навивачи. Пинедо во 45тата минута со својот гол го врати водството на Шпанија, но Брандеану изедначи на 17-17, а во следниот напад со голот на Неагу, Романија се избори за посакуваното водство од 17-18. Неизвесната игра продолжи до крајот, а резултатската нишалка по 60 одиграни минути заврши со среќен крај за Романија.

Најефикасна во селекцијата на Романија беше Кристина Неагу со седум погодоци. Во Шпанија најефикасен стрелец беше Пинедо со пет погодоци, по четири постигнаа Кармен Мартин, Марта Манге и Кабрал Барбоса.