На 21 март ракометна ерупција во “Јане Сандански”

Ехф ги одреди датумите за осминафиналните дуели во ЕХФ Лигата на шампионите во машка конкуренција. Првиот натпревар помеѓу Висла Плок и Вардар ќе се одигра во Орлен арената во Плок на 14 март (сабота) во 20:45 часот, додека пак реваншот и вистинската ракометна еуфорија ќе се случи на 21 март (сабота)-20:15 часот во СЦ”Јане Сандански”.