На Шведска не и треба голман кога ја има Алм! (ВИДЕО)

Интересна ситуација се случи на штотуку завршениот натпревар во Вараждин помеѓу Хрватска и Шведска.Во моментите кога Шведска беше со ракометарка помалку, Алм која беше со маркер успеа да постигне погодок, а во следниот напад на Хрватска успеа да забележи и голманска интервенција бранејки и удар на Маја Зебиќ.