На среќата и нема крај: Селфи со пехарот од ЛШ, Дибиров, Мораеш…(ФОТО)

Левото крило Тимур Дибиров и пикерот Рожерио Мораеш беа првите ракометари на европскиот првак Вардар што ги поздравија навивачите пред почетокот на новата сезона. Тие беа дел од отворениот ден на Вардар што ќе трае во следните четири денови.

Европскиот првак на сите фанови ќе им овозможи во периодот од 24 до 28 јули да можат да се фотографираат со пехарот од Лигата на шампионите што беше освоен во Келн на почетокот на јуни. Поради големиот интерес да има фотографии со пехарот од ЛШ, клубот реши тој да биде изложен во внатрешниот дел на салата, веднаш до главниот влез на големата сала на СЦ „Јане Сандански”.