На средина од сезоната: Пелистер стои цврсто на врвот во Супер лигата

На средина од сезонава во Супер машката лига екипата на Пелистер е цврсто на врвот со 21 поен. Битолчани имаат сигурен ритам, а поразот уште на стартот од Радовиш како да ги мотивираше, па одработија одлично на другите седум дуели од овој дел од шампионатот.

Со оглед на тоа што ова е битка за влез во плеј-офот, а во овој есенски дел од сезоната треба да бидат одиграни уште пет кола неблагодарно е да се прогласува есенски шампион бидејќи првакот ќе се добие дури после разигрувањето каде што сите влегуваат без поени.

Затоа после девет кола може да се заклучи дека на средина од оваа фаза од шампионатот Пелистер го играше најдобриот ракомет, додека Е. Работник, Пролет и Охрид засега го следат и најавија дека се подготвени за битка за место во плеј-офот.

Инаку, пет кола од вториот дел треба да се одиграат до средината на декември, а потоа уште четири напролет по што ќе биде познато кој ќе им се придружи на Вардар и на Металург во разигрувањето за титулата.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 9. КОЛО

ВАРДАР ЈУНИОР – Е. РАБОТНИК      17:24

ПРИЛЕП – РАДОВИШ            26:26

БОРЕЦ – МЕТАЛУРГ 2            38:32

ПЕЛИСТЕР – ОХРИД   23:21

ПРОЛЕТ беше слободен