На средина од првата рунда: Вардар и Мец единствени со „тројка“ во женската ЛШ

Со одигрувањето на 3. коло ракометарките на 16-те екипи кои играат во Лигата на шампионите во женска конкуренција добија можност да одморат еден викенд од средбите во ова натпреварување, а потоа влегуваат во втората половина од пресметките.

Според она што досега го направија Вардар и Мец се единствените тимови коишто одиграа пред своите ривали и ги добија сите дуели. Само овие два тима имаат максимален број на бодови така што остануваат лидери на табелите и тоа со по шест бода.

Викендов порази претрпеа ЧСМ Букурешт и Ѓер на тешките гостувања, па затоа во групите А и Б веќе нема екипи со максимум поени.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

ГРУПА А

НИКОБИНГ – БУКУРЕШТ              25:22 (13:14)

В. ГДИЊА – КРИМ М.   25 октомври

ТАБЕЛА: 1. ЧСМ Букурешт 4 бода; 2. Никобинг 4; 3. Крим 2 (-1 меч); 4. Вистал Гдиња 0 (-1).

ГРУПА Б

БРЕСТ – МИТЈИЛАНД   22:23 (10:12)

РОСТОВ ДОН – ЃЕР         23:22 (12:12)

ТАБЕЛА: 1. Ѓер 4; 2. Ростов Дон 4; 3. Митјиланд 4; 4. Брест 0.

ГРУПА Ц

ЛАРВИК – ВАРДАР         19:31 (9:16)

ТУРИНГЕР – ФТЦ             25:29 (15:14)

ТАБЕЛА: 1. Вардар 6; 2. ФТЦ 4; 3. Турингер 2; 4. Ларвик 0.

ГРУПА Д

МЕЦ – БУДУЌНОСТ        27:23 (15:14)

КРИСТИЈАНСАНД – БИТИГХАЈМ             29:24 (8:16)

ТАБЕЛА: 1. Мец 6; 2. Кристијансанд 2; 3. Будуќност 2; 4. Битигхајм 2.