На Скјерн му лежи Унгарија: Данците откинаа бод од Пик Сегед

Составот на Скјерн приреди мало изненадување на средбата против Пик Сегед, а само малку беше потребно за да се дојде и до цел плен од гостувањето во Унгарија.

Данците кои минатата година во осминафиналето го елиминираа составот на Веспрем сега имаа одлични 20 минути во второто полувреме кога стигнаа до предност од четири гола.Сепак, во завршницата од средбата не издржаа, па на крајот ремизираа со 33:33.

Со овој бод Скјерн останува во трка дури и за 3. место во групата Б додека Пик Сегед есигурно втор во моментов.

Денеска најефикасни во Пик Сегед беа Сигурмансон со седум гола и Калман и Банхиди, кои завршија со по пет погодоци. Во Скјерн, Сондергард реализираше деветпати, додека Микелсен седумпати го погоди голот на Унгарците.