На почеток сме на нова сезона во ЛШ, се сеќавате ли како заврши минатата? (ВИДЕО)

Минатата сезона започна со предвидување на новинарскиот тим на ЕХФ, Веспрем требаше да го крене скапоцениот трофеј, а Вардар да го заврши својот настап во четвртфиналето. За жал една од двете предвидувања се остварија, и оставија разочарани армија навивачи за македонскиот првак. Ракометната судбина сакаше токму Вардар своето место во Келн да го бара преку моќниот Веспрем. Унгарците се изборија за ново учество на Фајнл Фор турнирот, дојдоа до финалето и до 50-та минута ниту сонуваа дека некој може да им го одземе трофејот. Но како во сите добри приказни, судбината ги вмеша прстите. Во неверојатни 10 минути, дотогаш моќниот Веспрем делуваше како амбициозен третолигаш, сè останатото е историја.

Во финале кое комплетно ја раскажа целата филозофија позади ракометната игра и му даде нова димензија и правец на елитното натпреварување продолженијата и пеналите одлучија трофејот да замине во Полска. Откако на спектакуларен начин, Киелце се врати во игра и го заврши натпреварот со ист број голови како Веспрем, стабилноста, менталниот склоп и мирната рака му овозможија на шпанскиот пивот со својот последен обид да испише нова историја за својот клуб. Токму сеќавањето на тие моменти и она што му се провлекуваше во мислите на Хулен Агинагалде пред да го упати победничкиот удар беа причина ЕХФ да поразговара со корпулентниот пивот пред почетокот на новата сезона, во продолжение можете да го погледнете краткиот прилог направен од екипата на ЕХФ ТВ.

“Беше незаборавен и неверојатен момент. Сум освојувал многу титули во кариерата но оваа е дефинитивно на самиот врв. Кога ќе се сетам како се се одвиваше, пресвртот и се останато! Особено поради тоа што беше прв трофеј за Киелце и за мене во Лигата на шампионите.”- изјави Агинагалде.

„Се сеќавам дека постојано ми се вртеше мислата ‘мора да дадеш гол’, и кога погодив започна славјето се сеќавам дека во аголот ги здогледав девојката и синот иведнаш отидов кон нив…“-заврши Шпанецот.

Оваа сезона новинарската мрежа на ЕХФ има нови предвидувања, а дали повторно ќе се остварат за Вардар останува да видиме на почетокот на мај.