На десетина дена пред стартот на ЛШ: Европскиот вицепрвак Вардар ве повикува на елитен ракомет

Од денеска почнува продажбата на поединечни билети за натпреварот од првото коло од Ц групата на Лигата на шампионите меѓу Вардар и ФТЦ Будимпешта. Средбата е закажана за 6 октомври 2017 година со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Ова е прв натпревар за Вардар пред домашна публика сезонава во ЛШ, со што се отвора новата сезона во најелитното женско клупско ракометно натпреварување. „Црвено-црните” се актуелни европски вицепрваци, и сезонава се во група со екипите на Ларвик, ФТЦ Будимпешта и Турингер.

Продажбата на билетите за натпреварот Вардар – ФТЦ Будимпешта ќе се врши преку продажната мрежа на ТикетПлус, како и онлајн на www.ticketplus.mk. Цената на билетите за овој натпревар е 150 денари. Имателите на Вардар ПАСС и сезонска картичка на Вардар можат да присустуваат на овој натпревар само со приложување на електронскиот ваучер на влезот од СЦ „Јане Сандански”.