На дербито Металург-Еурофарм Работник со билет

Екипата на Металург в четврток од 18 часот во салата „Автокоманда“ го пречекува тимот на Еурофарм Работник во дерби дуелот, кој беше одложен поради гостувањето на битолчани во Унгарија во рамки на Купот на ЕХФ.

За овој дуел ќе има и влезници така што сите љубителите на ракометот ќе можат да го следат дуелот со билет од 100 денари.

Според информациите од Металург влезниците ќе се продаваат во салата на денот на натпреварот.

Ова ќе биде интерен меч, а според сите очекувања дуелите меѓу Металург и Еурофарм Работник би требале да го дадат вицешампионот, но ова се и двете екипи кои би можеле да се обидат да го изненадат и Вардар.