На два месеци до ЕП: Неколкумина повредени кај противниците на Македонија

Селекторите на репрезентациите коишто се противнии на Македонија во групата Ц на Европското првенство во Хрватска се соочуваат со проблеми. Во моментов кај сите има неколку повредени играчи, а поголемиот дел од нив до последен момент ќе бидат неизвесни.

Германија сигурно ќе биде без левиот бек на Гумерзбах, Симон Ернст кој има повреда круцијалните лигаменти. Филип Вебер од Лајпциг кој игра на истата позиција засега е на списокот на неизвесни.

Во Црна Гора, Васко Шеваљевиќ (Трембле) и Немања Грбовиќ (Цегледи) засега се повредени, а докторите веруваат дека тие ќе можат да играат во Хрватска.

Кај Словенците списокот на повредени е многу подолг. Дури четворица играчи коишто можат да одиграат како десни бекови се на листата на повредени. Се работи за Јуре Доленец (Барселона), Жига Млакар (Целје), Вид Кавтичник (Монпеље) и Давид Миклавчич (Загреб). Млакар и Кавтичник играат и на крилната позиција, па доколку овие играчи не бидат подготвени тогаш Вујовиќ ќе има ослабена десна страна. Веќе извесно време повреден е и левиот бек Борут Мацковшек.