На врелиот песок во Лорет Де Мар се водеше жестока борба за четвртфинале! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На денешната програма на ЕП во ракомет на плажа кое се одржува во Лорет Де Мар, на репертоар беа натпреварите од главната фаза, преку кои репрезентациите се бореа да го визираат билетот за четвртфиналната програма која е на програмата утре. Во машка конкуренција Србија го направи подвигот на главната рунда совладувајки го Европскиот шампион Хрватска, и заедно со Хрватите и Украинците ја формираат тројката од групата 1 која го обезбеди своето место во четвртфиналето. Од групата 2 домаќинот Шпанија со шест бодови ја освои првата позиција и заедно со репрезентациите на Русија и Унгарија ќе се бори за влез во полуфиналето.

ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА (4.07.2015,сабота)


Хрватска-Германија (12:00 часот)

Шпанија-Норвашка (12:00 часот)

Србија-Унгарија (13:00 часот)

Русија-Унгарија (13:00 часот)


ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА (4.07.2015,сабота)


ШПАНИЈА-ПОЛСКА (10:00 часот)

ХОЛАНДИЈА-ИТАЛИЈА (10:00 часот)

УНГАРИЈА-РУСИЈА (11:00 часот)

НОРВЕШКА-УКРАИНА (11:00 часот)

Во продолжение погледнете ја галеријата од денешните борби во машка и женска конкуренција за пласман во четвртфиналето.

[Best_Wordpress_Gallery id=”130″ gal_title=”Lloret den 4″]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ