На Белеска супер и оди во Романија, втор стрелец во новата победа на Валчеа

Десниот бек на македонската репрезентација, Андреа Белеска, беше втор стрелец во екипата на Валчеа, која славеше на гостувањето ај Четате Деватранс со убедливи 33:21, иако на полувремето беше нерешено, 13:13.

Белеска одигра одлично на овој меч и успеа да постигне 5 голови од 6 обиди, од кои 2 беа од пенал. Во следното коло, непоразената Валчеа ќе игра дома против силниот состав на Корона Брашов.

Фото: Ionut Buharu