Најчудниот ракометен пар доби принова

Можеби најчудниот ракометен пар, кој го сочинувааат тренерот на Ференцварош Габор Елек и ракометарката Зита Сучански, пред неколку дена доби принова.

48-годишниот стратег на унгарскиот вицепрвак и 32-годишната ракометарка што игра на позицијата плејмејкер во ФТЦ веќе 14 сезони, го добија синот Левенте.

Иако долго време ја криеја својата врска од ракометната јавност поради нивната соработка во клубот, сепак Елек и Сучански ја обелоденија љубовта и направија свадба пред неколку месеци, а сега го добија првото дете.