Најубавите голови во СЕХА лигата за сезоната 2015/2016 (ВИДЕО)

Во пресрет на Фајнл-Фор турнирот кој од 1 до 3 арпил ќе се одржи во Вараждин, СЕХА лигата ги презентираше најубавите погодоци за сезоната 2015/2016. Во овој избор свое место најдоа и извонредните погодоци на вардарците Дибиров, Шишкарев и Циндриќ.

Македонскиот шампион Вардар својот пат на Фајнл-фор турнирот го започнува на вториот полуфинален натпревар кој е закажан за петок (1.04.2016) со почеток од 20 часот и 30 минути против екипата на ППД Загреб. Во првото полуфинале кое исто така се игра во петок (1.04.2016) со почеток од 18:00 часот ќе се сретнат екипите на Веспрем и Мешков Брест.

Во недела (3.04.2016) од 16 часот и 30 минути е закажан натпреварот за третото место, а почетокот на финалниот дуел е предвиден за 19:00 часот.