Најслабата алка на Исланд не доаѓа во Скопје!

По минималниот пораз со 33-34 од Македонија, селекторот на Исланд, Гудмундур Гудмундсон, направи две важни измени во составот.

Најслаба алка во составот на „рибарите“ беа голманите Бјоргвин Пал Густавсон и Арон Рафн Едвардсон, па нема да бидат меѓу патниците за Скопје.

Селекторот Гудмундсон во ростерот ги вметна Агуст Ели Бјоргвинсон, голманот на шведскиот Савехоф и 18-годишниот Виктор Гисли од исландскиот тим Фрам.

Вториот натпревар меѓу Македонија и Исланд се игра на 14 април во 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.