Најдоброто од шоуто на Вардар против Барса во 90 секунди (ВИДЕО)

Вардар во своето второ полуфинале против Барселона на Ф4 во Келн дојде до втора победа, а овој пат го направи тоа со два гола разлика. Победи со 29:27 и на тој начин уште еднаш се најде во финалето каде ќе се соочи со екипата на Монпелје.

Беше одигран одличен натпревар во кој имаше максимално возбудлив ракомет во текот на сите 60 минути. Вардар губеше со седум разлика на полувреме. Имаше 9:16, а потоа му одржа голема лекција на својот противник. Успеа целосно да го надигра и да го остави уште еднаш без финале.

Ако нешто пропуштивте најдоброто од овој меч ќе можете да го погледнете во видеото кое трае 90 секунди, а истото е на следниот ЛИНК.