Најдоброто од СЕХА во ноември: Шпенде, Оцвирк, Милосављев…(ВИДЕО)

Во регионалната СЕХА Лига во месец ноември се одиграа две кола, а нашите претставници имаа по две победи и два порази. Актуелниот шампион Вардар двете средби ги одигра на домашен терен, славеше над Нексе со 31-26 и на дуелот против Извиѓач со 38-27.

Металург, пак имаше една средба на домашен терен од романската Стеауа со 28-29, додека слична приказна имаше и на средбата против Војводина која заврши 31-30 за српскиот тим.

Сепак, во најдобрите голови и одбрани во месец ноември од регионалното натпреварување има место за тројца претставници од македонските тимови.

Головите на Александар Шпенде против Војводина и на Грегор Оцвирк против Извиѓач се најдоа меѓу најдобрите погодоци, додека одбраната на Дејан Милосављев против Извиѓач се најде меѓу најдобрите…