Најдоброто од последниот ракометен ден на „Струга 2015“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Последниот ден од официјалната програма на 43-то издание на меѓународниот ракометен турнир „Струга“ го одреди конечниот поредок на екипите-учеснички.
Првото место го обезбеди Сесон Ренс откако во финалето го совлада ромаскиот тим, Динамо Букурешт, на третата позиција заврши Бенфика, а македонскиот вицепрвак РК Струмица го освои четвртото место. Во натпревар за избегнување на последното место египетскиот Ал Замалек го совлада фаворитот на овој турнир, турскиот шампион и учесник во Лигата на шампионите, екипата на Бешикташ од Истанбул, која заврши на последното место.
Најубавите голови, одбрани и интересни моменти од последниот ден на „Струга 2015“, забележани од објективот на Кристина Затуровска и Александра Дејкоска, можете да ги погледнете во галеријата подолу.

[Best_Wordpress_Gallery id=”139″ gal_title=”krajstruga2015″]

ФОТО: КРИСТИНА ЗАТУРОВСКА & АЛЕКСАНДРА ДЕЈКОСКА