Најдобрите стрелци во Супер машката лига на едно место

Регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига финишираше минатиот викенд, а денеска веќе стартува и плеј-офот. Плеј-аутот почна пред два дена, па сега може да се направи контрола на Листата на стрелците и да се видат најефикасните 25 ракометари во првата фаза од шампионатот.

Веќе е добро познато дека Ивица Илиев е ракометарот кој покажа најмногу, кога се во прашање головите, а имаше уште четворица кои беа со троцифрен број на голови во регуларниот дел од сезоната во Супер машката лига.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, РЕГУЛАРЕН ДЕЛ

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 25)

184 – Ивица Илиев (Радовиш)

119 – Милан Ѓукиќ (Еурофарм Работник)

107 – Милан Поповиќ (Пелистер)

103 – Божидар Симиќ (Радовиш)

100 – Бобан Блажески (Охрид)

94 – Златко Мојсоски (Бутел Скопје)

88 – Филип Кузмановски (Еурофарм Работник)

87 – Цветан Кузмановски (Струга)

82 – Димитар Манев (Борец)

81 – Дејан Кукуловски (Вардар јуниор)

79 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

78 – Давор Шокоски (Прилеп)

78 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

75 – Крсте Андоноски (Охрид)

72 – Доне Мајнов (Пролет)

70 – Дарко Георгиевски (Охрид)

69 – Александар Бозароски (Прилеп)

66 – Ненад Костески (Струга)

66 – Борис Илиевски (Борец)

64 – Мартин Манасков (Пролет)

63 – Дарио Петровски (Струга/Еурофарм Работник)

63 – Кристијан Ристов (Радовиш)

59 – Гоце Ојлески (Еурофарм Работник)

58 – Марко Кобетиќ (Пелистер)

58 – Черубин Табанге (Пелистер)