Најдобрите моменти од мечот кој ќе остане запишан во македонската ракометна историја (ВИДЕО)

Со пласманот во четвртфиналето на Мундијалот во Алжир, младинската машка ракометна репрезентација не само што го направи најголемиот успех во оваа категорија на Мундијалите, туку стана и првата репрезентација во колективен спорт со вакво достигнување.

Иако играа против домаќинот Алжир, пред повеќе од 8.000 гледачи, сепак избраниците на Илија Темелковски покажаа доволно стабилност и покажаа дека во нив има доволно материјал од кој ќе се гради идната сениорска репрезентација. Погледнете ги најдобрите моменти од овој дуел…