Најдобар ракометар на годината во организација на 24ракомет: Погледнете кои се најдобрите играчи во изминатата година (ВИДЕО)

За прв пат оваа година ракометниот портал 24 ракомет организираше избор во кој новинарите од најголемите сајтови во Европа го дадоа својот глас за играч на годината. Handball-world.com, europamester.dk timeoutmagazine.com, handballme.me се дел од сајтовите кои имаа свој удел во изборот.

Постапката на гласање се состоеше со тоа што секој новинар (редакција) номинираше по 3 играчи на секоја позиција и притоа системот на бодување се состоеше од доделување од 3, 2 и 1 поени за најдобрите за секоја позиција. Интернационото жири го даде својот глас и одлучи, ова се најдобрите ракометари за 2014 година.

Победници:

Голман: Никлас Ландин
Десно крило: Виктор Томас
Лево крило:  Гујдон Сигурдсон
Лев бек: Момир Илиќ
Централен бек:  Анди Шмит
Десен бек: Холдер Гландорф
Линиски играч:  Јулен Агинагалде

Најдобар одбранбен играч: Тобиас Карлсон

Најдобар млад играч: Миха Зарабец



Номинации

Голман: Арпад Штербик, Никлас Ландин, Матиас Андрессон

Десно крило: Виктор Томас, Лук Абало,Драган Гајиќ

Лево крило:Тимур Дибиров, Гујдон Сигурдсон, Уве Геншајмер

Лев бек: Момир Илиќ, Никола Карабатиќ, Филип Јиха

Најдобар централен бек: Арон Пламарсон, Томас Могенсен, Анди Шмит

Десен бек: Кирил Лазаров, Холдер Гландорф, Марко Вујин

Линиски играч:  Јулен Агинагалде, Бјарте Мирхол, Цедрик Сориандо