Најдобар ракометар во Супер машка лига 2018/2019: Како гласаше публиката?

Редакцијата на 24 Ракомет втора година по ред го организираше гласањето за најдобар ракометар во Супер машката лига, а и годинава читателите имаа простор да гласаат за своите омилени ракометари.

Во секоја од категориите имаше по шестмина играчи, а читателите можеа да го одберат најдобриот на секоја од позициите. Можноста за гласање беше во изминатите седум дена така што ракометарите собраа голем број на гласови.

Имаше интересна битка за секоја од позициите така што имаше и менување во водството. На крајот имаше рангирање и ракометарите коишто добија најголем број на гласови на секоја од позициите добија по пет поени. Вторпласираните по четири… петтопласираните имаа по еден бод, додека оние кои имаа најмногу гласови од публиката не освоија поени за вкупното рангирање.

Како беше гласањето ќе можете да видите низ фотографиите од анкетите кои беа направени во текот на минатите денови.

АНКЕТА ЗА НАЈДОБАР ГОЛМАН

Тука ситуацијата е јасна. Кизиќ собра најмногу гласови, пред Плех. Тоа го покажуваат и процентите, а двајцата се единствени со над 20 проценти од гласовите.

АНКЕТА ЗА НАЈДОБРО ЛЕВО КРИЛО

Трката беше голема меѓу Крсте Андоновски и Цветан Кузманоски. И двајцата се над 30 проценти, а разликата меѓу нив е 310 гласа. По еден процент имаат Мајиќ и Ојлески, а крилото на Бутел Скопје има 51 глас повеќе.

АНКЕТА ЗА НАЈДОБАР ЛЕВ БЕК

Овде е сè потполно јасно. Дејан Кукуловски е далеку пред другите според бројот на гласовите. Следуваат Манасков, Цителишвили и Кузмановски, но заостанувањето зад Кукуловски е огромно.

АНКЕТА ЗА НАЈДОБАР СРЕДЕН БЕК

Охриѓани гласаа одлично и во текот на сезоната, па и при изборот за најдобри ракометари по позиции. Златко Везенковски беше убелдиво најдобар среден бек, а зад него другите се во мала разлика.

АНКЕТА ЗА НАЈДОБАР ДЕСЕН БЕК

И тука ситуацијата е чиста. Гиорги Дикаминџија од тимот на Струга нема конкуренција на врвот и е далеку пред Стефан Крстевски во изборот на читателите на 24 Ракомет.

АНКЕТА ЗА НАЈДОБРО ДЕСНО КРИЛО

Иако се далеку според бројките зад гласањето за лево крило, сепак, и на десно крило имаше интересна битка со гласовите на читателите. На врвот е Блажески, а го следат Стоилевски и Костески.

АНКЕТА ЗА НАЈДОБАР ПИВОТ

Кај пикерите јасна е ситуацијата за првите тројца. Сепак, неизвесна е ситуацијата од 4. до 6. место каде има тројца со по 1 процент на гласови. Тука Граџан е во предност и има 27 гласа повеќе од Маркоски и 33 гласа повеќе од Васко Димитровски.

АНКЕТА ЗА НАЈДОБАР ДЕФАНЗИВЕЦ

Тука е јасно дека Христијан Крстаноски добива пет бода од читателите на 24 Ракомет, а трката за 2. место и четири поени беше меѓу Милорад Кукоски и Стефан Атанасовски. Повеќе гласови имаше поискусниот. Куковски доби пет повеќе од својот помлад колега.

АНКЕТА ЗА НАЈДОБАР МЛАД ИГРАЧ

Кај младите ракометари гласовите за пет поени отидоа кај Карапалевски. Познато е и кој е зад него, а по два проценти од гласовите имаа Каковски и Кизиќ. Голманот на Вардар доби 44 повеќе од својот колега од Еурофарм Работник.