Најдобар ракометар во Супер машка лига 2018/2019: Како изгледа ол-стар тимот на регуларниот дел?

После една недела во гласање од страна на читателите, тренерите и новинарите, вчера беа прогласени најдобрите играчи за сезонатра 2018/2019 во регуларниот дел од Супер машката лига.

Најдобрите според позициите на кои настапуваат се најдоа на врвот на рангирањата при кои имаше по шест ракометари за секоја позиција како и за најдобар дефанзивец и млад ракометар.

Според гласовите кои ги дадоа тренерите, новинарите, читателите и редакцијата на 24 Ракомет најдобрите беа следните ракометари:

ГОЛМАН: Градимир Чаневски (Еурофарм Работник)

ЛЕВО КРИЛО: Цветан Кузмановски (Струга)

ЛЕВ БЕК: Филип Кузмановски (Еурофарм Работник)

СРЕДЕН БЕК: Ласко Андоновски (Пролет)

ДЕСЕН БЕК: Гиорги Дикаминџија (Струга)

ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Струга)

ПИВОТ: Александар Тренчевски (Струга)

ДЕФАНЗИВЕЦ: Милорад Кукоски (Еурофарм Работник)

МЛАД ИГРАЧ: Ненад Костески (Струга).