Најдобар ракометар во Супер машка лига 2018/2019: Како гласаа новинарите?

Редакцијата на 24 Ракомет втора година по ред го организираше гласањето за најдобар ракометар во Супер машката лига, а и годинава новинарите од десетина редакции беа дел од гласањето. Тие ги бодуваа ракометарите од 1 до 5 така што во секоја од категориите остануваше по еден играч без поен.

Во гласањето учествуваа: Горан Антевски (претседател на жирито), Зоран Мишевски (gol.mk), Владко Арсов (sport 1.mk), Игор Паневски (Телма), Марјан Ников (Сител), Стеван Цаневски (ekipa.mk), Перо Момировски (Алфа), Југослав Костовски (МТВ), Ристо Ѓамовски (g-sport.mk), Ристе Влахов (Спортско радио 90,3), Весна Николовска (sportmedia.mk), Александар Табаковски (derbi.mk) и Тања Димитриоска (Нова Македонија).

Како гласаа новинарите и кој играч колку гласови доби од нив можете да видите во продолжение.

Инаку, како појаснување. Таму каде што има ист број на гласови при рангирањето одлучуваше тоа кој играч има добиено повеќе петки. Доколку и петките беа исти тогаш кој има повеќе четворки итн.

ГЛАСАЊЕ НА НОВИНАРИТЕ

ГОЛМАН

63 – ГРАДИМИР ЧАНЕВСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

36 – МАРКО КИЗИЌ (ВАРДАР ЈУНИОР)

36 – СТЕФАН КИМЕВСКИ (ПРОЛЕТ)

34 – БОЈАН БЛАЖЕСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

15 – АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОСКИ (СТРУГА)

11 – ХАРИС ПЛЕХ (ПЕЛИСТЕР)

ЛЕВИ КРИЛА

46 – МИРКО МАЈИЌ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

45 – ГОЦЕ ОЈЛЕСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

36 – МИЛАН ПОПОВИЌ (ПЕЛИСТЕР)

32 – КРСТЕ АНДОНОВСКИ (ОХРИД)

18 – ЦВЕТАН КУЗМАНОВСКИ (СТРУГА)

18 – СТЕФАН ТРАЈКОСКИ (ПРОЛЕТ)

ЛЕВ БЕК

58 – ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

38 – МАРТИН МАНАСКОВ (ПРОЛЕТ)

38 – ЈОВИЦА МЛАДЕНОВСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

26 – ДЕЈАН КУКУЛОВСКИ (ВАРДАР ЈУНИОР)

19 – ДАРКО ГЕОРГИЕВСКИ (ОХРИД)

16 – ЛЕКСО ЦИТЕЛИШВИЛИ (СТРУГА)

СРЕДЕН БЕК

47 – ГОРАН КРСТЕВСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

36 – ГОРАН ПЕЧЕНКОВСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

33 – МАРКО КОБЕТИЌ (ПЕЛИСТЕР)

32 – ЛАСКО АНДОНОВСКИ (ПРОЛЕТ)

26 – ИВИЦА ИЛИЕВ (РАДОВИШ)

21 – ЗЛАТКО ВЕЗЕНКОВСКИ (ОХРИД)

ДЕСЕН БЕК

56 – МИХАЈЛО ПЕТРОВСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

34 – СТЕФАН КРСТЕВСКИ (ВАРДАР ЈУНИОР)

32 – ДОНЕ МАЈНОВ (ПРОЛЕТ)

32 – РАТКО ДИМОВСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

25 – ГИОРГИ ДИКАМИНЏИЈА (СТРУГА)

16 – ОГНЕН ЛЕКОВИЌ (ПЕЛИСТЕР)

ДЕСНО КРИЛО

51 – НЕНАД КОСТЕСКИ (СТРУГА)

44 – МИЛАН ЃУКИЌ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

38 – РЕВАЗ ЧАНТУРИЈА (ПЕЛИСТЕР/СТРУГА)

35 – ЗЛАТКО МОЈСОСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

23 – БОБАН БЛАЖЕСКИ (ОХРИД)

4 – НИКОЛА СТОИЛЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)

ПИВОТ

47 – НИКОЛА МАРКОСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

46 – ЕЛВИР ГРАЏАН (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

39 – ВАСКО ДИМИТРОВСКИ (ПЕЛИСТЕР)

24 – ИВАН ТАСЕВСКИ (ОХРИД)

22 – АЛЕКСАНДАР ТРЕНЧЕВСКИ (СТРУГА)

17 – МИХАИЛ АЛАРОВ (ПРОЛЕТ)

ДЕФАНЗИВЕЦ

59 – МИЛОРАД КУКОСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)

42 – БОЈАН СПАСОВСКИ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

28 – БОРЧЕ СОКОЛОВ (ОХРИД)

25 – ФИЛИП ВАСИЛЕВСКИ (ПРОЛЕТ)

20 – СТЕФАН АТАНАСОВСКИ (ВАРДАР ЈУНИОР)

6 – ХРИСТИЈАН КРСТАНОСКИ (СТРУГА)

МЛАД РАКОМЕТАР

55 – НЕНАД КОСТЕСКИ (СТРУГА)

46 – МАРКО КИЗИЌ (ВАРДАР ЈУНИОР)

31 – ЦВЕТАН КУЗМАНОВСКИ (СТРУГА)

22 – МАРТИН КАРАПАЛЕВСКИ (ВАРДАР ЈУНИОР)

14 – НИКОЛА СТОИЛЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)

12 – БОБАН КАКОВСКИ (ЕУРОФАРМ РАБОТНИК)