„Најди го богатството“ и освој ВИП карти за „Фајнал Фор“ во Будимпешта

Европската Ракометна Федерација на својата официјална веб страна објави наградна игра со која им овозможува на фановите да добијат ВИП билети за „фајнал фор“ турнирот во Будимпешта.

Во соработка со клубовите кои ќе играат на завршниот турнир, најбрзите фанови од секој град треба да тргнат во „потрага по богатството” и да станат добитници на ВИП билети. Дополнително секој победник ќе добие и по два потпишани дресови од својот омилен клуб, откако ќе пристигне во Будимпешта.

Натпреварот започна денеска во Ѓер каде што првиот победник Силард Наѓ прв успеа да ја пронајде официјалната топка на ЕХФ и со тоа да стане добитник на билети.

wcl_treasure_465

Утре на ред е Скопје и учесниците во наградната ќе треба да откријат каде се крие официјалната топка на ЕХФ Лигата на Шампионите. Насоките за можната локација ќе бидат објавени на социјалните мрежи на ЕХФ –  фејсбук, твитер и инстраграм.

Покрај пронаоѓањето на топката потребно ќе биде да направите „селфи” со топката и да ја постирате на социјалните мрежи, користејќи го официјалниот хаштаг за оваа наградна игра #ehffinal4hunt.

Дополнително ќе мора и да се јавите на телефонскиот број што ќе биде на топката со цел да го информирате клубот дека сте ја пронашле топката и со тоа да станете добитници на ВИП билети.

Во наградната игра прво на учество имаат лицата постари од 18 години.