Најголемите 12 трансфери кај дамите во ЛШ: Драгана Цвијиќ во големото друштво (ВИДЕО)

Засилувањето на Вардар на пикерската позиција, Драгана Цвијиќ се наоѓа меѓу најдобрите 12 трансфери коишто ракометарките ги направија во текот на летото. Таа дојде во Вардар од редовите на Будуќност, а се најде во големото друштво кое го предводат нејзините соиграчки од лани Кристина Неагу и Катарина Булатовиќ.

Меѓу најдобрите 12 трансфери е и голманката Маиса Песоа која си замина од Вардар и се пресели во редовите на Ростов, како и пикерот Ања Алтаус која се пресели во Ѓер.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.