Начевски и Николов ќе го отворат Ф4-турнирот во Келн

Најдобрата судиска двојка од Македонија доби уште едно признание на својата работа. Тие се најдоа меѓу арбитрите кои ќе ја делат правдата на Ф4 турнирот во Келн така што уште еднаш ќе имаат можност да бидат во елитата на судии на средбите од завршницата во Лигата на шампионите.

Начевски и Николов ќе го судат првиот натпревар на Ф4 турнирот. Тие се делегирани за натпреварот меѓу Веспрем и Келце така што добиваат интересен меч кој сигурно ќе донесе возбудувања.

На Вардар против Барселона ќе му судат Летонците Зигмар Сондор и Ренар Лицис, додека финалето го добија Германците Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг.