Нацева: Клубот нема контакт со Кристијансен!

Денешната прес-конференција на ЖРК Вардар, претседателот на клубот,Гордана Нацева ја искористи да ги разјасни шпекулациите околу трансферот на данската интернационалка Кристина Кристијансен.
Гордана Нацева, претседател на клубот:
Престои натпреварот во сабота, против Лајпциг, клубот влегува во три натпревари кои се клучни за нас. Не влеговме како што посакувавме, но очекуваме три победи и влез во следната фаза.
Во врска со изнесените информации околу ново засилување, односно данската ракометарка Кристијансен, можам да кажам дека клубот не стапил во контакт со ракометарката и колку што имаме информации таа веќе потпишала за клуб во Данска.
Истотака сакам да се заблагодарам на лекарскиот тим кој се грижеше за здравствената состојба на Робертина Мечевска, чија состојба се подобрува.
Очекуваме подршка од публиката и полна сала, се надевам дека ќе направиме 6 од 3.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ