Наумче Мојсовски: Не смееме да го потцениме Иран

По одличниот старт и победата против Тунис, денес од 17:00 часот не очекува натпреварот против Иран. Репрезентација која ја намачи Босна и Херцеговина и докажа дека мора да се влезе максимално во дуелот со нив. Наумче Мојсовски оптимистички но и со доза на респект кон денешниот противник:

Ниедна репрезентација не треба да се потценува. Го гледавме натпреварот помеѓу Бих и Иран, Босна влезе можеби малку поопуштено и за малце ќе изгубеа. Се надевам дека на нас нема тоа да ни се случи, треба да се игра озбилно со секој противник, и здравје боже се надеваме дека до третиот натпревар да биде се како што треба и на четвртиот натпревар да влеземе исто вака фокусирани и зошто да не ги победиме и Хрватска.