Натпреварот Сегед- МТК Будимпешта заврши без победник

Со натпреварот Сегед- МТК Будимпешта се комплетираше четвртото коло од унгарското домашно првенство. Дерби натпреварот за избегнување на последното место заврши без победник 27 : 27 ( 17 : 13), иако во поголемиот дел од натпреварот ракометарките на Сегед имаа водство од два до три погодоци.

Одлична партија пред своите фанови прикажа  Даниела Мистриќ со осум погодоци, шест додаде Едина Шабо, додека поранешната ракометарка на ЖРК Вардар Марија Лојпур четири пати се запиша во листата на стрелци. Во составот на Будимпешта најефикасна беше Инес Кхолди со шест погодоци.