Насловот во чешката лига за Баник Мост и Ивана Гакидова

Македонската репрезентативка Ивана Гакидова освои уште еден трофеј во својата кариера. Баник Мост е новиот шампион во чешката ракометна лига, што значи прва интернационална титула за македонскот кружен напаѓач.

Ракометарките на Баник Мост во финалната серија со 2-1 беа поуспешни против Славија Прага, откако во одлучувачкиот натпревар одигран синоќа во Прага славеа убедлива победа од 26-22. За овој меч управата на Баник организираше и мал навивачки караван со цел да им помогне на девојките да дојдат до посакуваниот трофеј.

13256091_10206965175152042_2400178928377370460_n

Гакидова минатото лето пристигна во Баник Мост како единствената интернационалка, а со своите партии се докажа пред управата на клубот и стана една од стандардните првотимки оваа сезона.

По одличните партии во Чешка, се поизвесно е дека Гакидова ќе замине во потрага по нов посериозен предизвик, а каде ќе ја одведе ракометната судбина ќе биде познато во наредниот период.