Нант победи на гостувањето кај Маси, а Кире тргна со петка

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кире Лазаров тргна успешно во својата прва сезона во најсилнаа лига на Франција и со тимот на Нант стигна до победа на гостувањето кај Маси со 28:22.

Лазаров имаше добра партија и успеа да ги реализира четирите удари од седум метри. И додека беше стопостотен изведувач на ударите од пенал, од игра имаше еден гол и две промашувања така што мечот го заврши со реализација од 71,4 проценти односно 5/7.

Нант со ова покажа дека сезонава ќе биде најголемиот конкурент на ПСЖ во битката за трофејот, а самиот факт што победата беше обезбедена на гостински терен е доказ дека ќе има интересна сезона и за Кире и за неговиот нов тим.