Нант за гол посреќен од Загреб

Во рамките на осмото коло од групата А во Лигата на шампионите во Франција се одигра дуелот меѓу Нант и ППД Загреб. Ако минатата недела Нант дојде до многу важни бодови во Сегед, овојпат хрватскиот првак навистина го намачи домашниот тим. На крајот на двата бода повторно се радуваа ракометарите на Нант, а дуелот заврши со резултат 28-27.

Неизвесноста траеше во текот на целиот натпревар, разликата меѓу двете екипи не беше поголема од три гола. Иако Нант го диктираше темпото и ја контролираше играта во поголемиот дел од натпреварот, Загреб на средина од вториот дел го презема водството од домаќините, а го сочува до 50та минута кога Балагер и Гурбиндо ја врати предноста во посед на Нант. Минималната разлика од еден гол францускиот вицепрвак ја зачува до крајот на натпреварот и ја преслика предноста од полувремето (12-13) во конечни 28-27.

Кире Лазаров постигна пет погодоци за својот тим, а еден повеќе постигна Сенјамин Буриќ. Бичаниќ и Мандалиниќ го предводеа нападот на Загреб со шест односно пет погодоци.