Нант во Данска ја бара замената за Лагард

Веќе е јасно дека Ромен Лагард ќе го напушти Нант летово и ќе премине во Рајн Некар Левен. Екипата на Кирил Лазаров не чекаше премногу долго за да ја најде неговата замена. Тие на левата бековска позиција најверојатно ќе се засилат со Данецот Николај Маркусен.

Маркусен имаше проблеми со малиот прст на ногата кој треба да го ампутира, но секако тоа нема да му ја загрози кариерата и веројатно ќе го напушти Силкеборг за да се пресели во Нант. Тој е висок 212 сантиметри и има одличен шут, а во Нант очекуваат да биде достојна замена за Лагард.

Николај Маркусен од 2015 година настапува за Силкеборг,а претхнодно настапуваше за Скјерн, Атлетико Мадрид, Ал Џаиш и Нордсјеланд. Со репрезентацијата на Данска има освоено златни медали на Европското првенство во 2012 година во Србија и годинава на Светското првенство во Германија и Данска.