Надја Надгорнаја следната сезона ќе игра во клубот на Коцевска

Репрезентативката на Германија, Надја Надгорнаја следната сезона ќе игра во новиот суперлигаш во Бундес лигата, Борусија Дортмунд. Надгорнаја имаше солидна сезона во Турингер но германскиот тим не помина најдобро во Лигата на шампионките оваа сезона.

Во новиот клуб на Надгорнаја настапува и поранешната репрезентативка на Македонија, Наташа Коцевска. Иако Надгорнаја имаше понуди и од други помоќни клубови, Борусија Дортмунд ќе биде следниот предизвик за младата ракометарка со потекло од Украина.