Надица Трајковска во Романија

Поранешната македонска репрезентативка Надица Трајковска следната сезона се сели во Романија.

Надица Трајковска од Кастриоти преминува во романскиот тим  Мурешул кој настапува во втората лига. Овој клуб сезоната ја заврши на четвртото место со 15 победи и 7 порази во романското првенство. За следната сезона клубот има големи амбиции, па освен Трајковска во план се и уште неколку засилувања од странство како и од романските клубови.

За 29 годишната ракометарка ова ќе биде второ интернационално искуство. Во својата ракометна кариера го носеше дресот на повеќе македонски клубови: РК Олимпик Аеродром Скопје, РК Кале Кичево, Карбан Амбалажа-Кавадарци, ЖРК Вардар, ЖРК Гевгелија, ЖРК Вардар СЦБТ.