Надежда Муравјева тренер на Лада 2

Една од легендите на рускиот ракомет – Надежда Муравјева ја презеде тренерската функција на ракометниот клуб Лада 2 кој се натпреварува во пониска лига, но секоја година од клубот излегуваат млади таленти кои во иднина прераснуваат во одлични играчи. Во новата сезона сениорскиот тим на Лада се засили и со ракометарки од Лада 2 што е доказ дека клубот ги цени и талентираните ракометарки од својата школа. Со своето непроценливо искуство Надежда Муравјева ќе биде пример за талентите од нејзиниот поранешен клуб .  Поставувањето на Надежда Муравјева како тренер на Лада 2 предизвика огромно задоволство кај ракометните фанови во Толјати.

Фото: handball.ru

handball lada2