НАВИВАЧИТЕ СО ИНИЦИЈАТИВА: Да се плаќа „ВАРДАРИНА“! (ФОТО)

По информацијата дека Сергеј Самсоненко нема да го финансира Вардар, веќе се појавија и првите иницијативи за спас на клубот.

„ИНИЦИЈАТИВА ЗА СПАС НА РК ВАРДАР“ е Фејсбук фан страницата, која веќе има 5500 лајкови, а таму веќе се собираат различни предлози од навивачите за финансирање на клубот.

Секој еден е битен, за спас на најголемиот амбасадор на спортот надвор, и најмоќниот мотор за развој на спортот внатре во државата. Во вакви моменти, осмиот играч е на потег.

Еден од предлозите на навивачите е да плаќаат т.н. „ВАРДАРИНА“ секој месец и така да му помогнат на омилениот клуб во овие тешки моменти.