Навивачите на Ѓер подготвени за нов четврт-финален дуел во ЛШ!(ФОТО)

Најавените 100 навивачи на унгарскиот шампион по претпладневната прошетка низ Скопје, пристигнаa во спортскиот центар „Јане Сандански“ каде ќе се обидат да му помогнат на актуелниот освојувач на Лигата на шампионките да ја премине последната пречка на патот до Будимпешта.
FLP_8827
За прв пат меѓу „црвено-црниот“ декор на трибините во Скопје ќе се развеат зелено-белите знамиња на Ѓер.

FLP_8840FLP_8841Големината на Ѓер и реномето кое го поседува унгарскиот клуб е вистински предизвик за македонскиот шампион конечно да ја поправи сликата која ја остави во ракометна Европа. Тешка задача и голем испит за карактерот на ѕвездениот состав на Вардар.

FLP_8885
ФОТО:ФИЛИП ВИРАНОВСКИ