Навивачите го дадоа својот глас: Мораеш е играч на Ф4 турнирот во Келн (ВИДЕО)

Игор Карачиќ го доби признанието за најдобар ракометар на Ф4 турнирот во Келн, но навивачите своите гласови ги даваа на фан страната на ЕХФ, а таму тие дадоа повеќе гласови за пивотот на Вардар.

Рожерио Мораеш доби најмногу гласови и со тоа е прогласен за играч на завршниот турнир од Лигата на шампионите. Тој собра најмногу гласови така што се најде пред своите конкуренти.

Мораеш постигна еден од најважните голови во полуфиналето против Барселона, а во финалето против неговиот следен тим Веспрем реализираше 6 од 6 со што имаше огромен придонес во освојувањето на втората титула на Вардар во Лигата на шампионите.

The monster on the line, the attacking powerplant of RK Vardar, the Brazilian pivot…Rogerio Moraes is our best player of the VELUX EHF FINAL4 thanks to your votes! 💥🖐️

Публикувахте от EHF Champions League в Петък, 7 юни 2019 г.