Наваро пред трансфер во Ѓер

Шпанската репрезентативка, Силвија Наваро е пред трансфер во унгарски Ѓер според пишувањата на медиумите во Унгарија. Доколку дојде до реализација на овој трансфер, Наваро ќе биде замена за повредената Јелена Грубишиќ која ќе паузира шест месеци. Во овие моменти унгарскиот тим на располагање на голманската позиција ја има Орсолија Хер.

Наваро беше една од најзаслужните за бронзениот медал на Шпанија на Европското ракометно првенство оваа година.

Фото: www.zimbio.com