Мустафа: Нема да се ограничи времето за напад, не сакаме да ги копираме другите спортови

Новите правила во ракометот, кој за прв пат почнаа да се применуваат на ОИ во Рио, кај дел од ракометарите и ракометните експерти, не наидоа на воодушевување. Меѓу оние правила, за кои допрва треба да се одлучи дали ќе бидат имплементирани е и временското ограничување на нападот. Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа е дециден по однос на ова прашање.

„Не, тоа не е добро. Не сакаме да ги копираме другите спортови. Судиите можат да одлучат дали некој тим е сериозен во нападот, а доколку не е, да ја дигнат раката за пасивен напад. Доколку го ограничиме нападот на 40 или 45 секунди, би било премногу комплицирано и не сакаме да ги копираме другите спортови. Секоја одлука треба да дојде од луѓето. Имаме контрола, супервизија, во текот на големите натпреварувања судиските комисии секогаш се состануваат, разговараат за правилата, грешките, ситуациите. Мораме да им веруваме. Судиите мораат да изградат самодоверба, да бидат силни и спремни да донесуваат вистински одлуки.“ – изјави Мустафа.