Мундијалскиот трофеј на покривот на Франција! (ВИДЕО)

На помалку од 100 дена до почетокот на Светскиот шампионат во Франција, организаторот се погрижи со нова промотивна кампања да го подигне нивото на возбуда кај ракометните фанови ширум светот.

Во духот на адреналинската ракометна игра, експедиција на Ракометната Федерација на Франција (РФФ) и организацискиот комитет се искачија на еден од највисоките врвови во Европа, Мон Блан.

Делегацијата беше составена од 12 членови меѓу кои Фабрис Ансух (РФФ), Џеки Браун (РФФ), Франк Кадеи (РФФ), Фредрерик Демангеон (РФФ), Едуард Донели (Извршен директор на организацискиот комитет), Фабиен Дупуис (тренер), Матијас Гатузо (лиценциран ракометар аматер), Гилјом Жил (поранешен француски репрезентативец, светски првак од 2001 и 2009), Корентин Лалау Базин (потпредседател на аматерскиот тим Св. Петар), Лоик Паскард (лиценциран ракометер аматер), Ален Риперт (Претседател на Дафни Савој лигата) и Стефан Пилунд, официјален фотограф на РФФ.

Врвот на највисоката планина во западна Европа се наоѓа на самата граница меѓу Франција и Италија и се издига до 4809 метри надморска височина. Искачувањето траело пет часа, а на самиот врв температурата достигнала -20ºС, сепак експедицијата одвоила време да го овековечи овој момент со фотографија за спомен и поттик да се стремиме да ги надминеме своите граници. Во продолжение можете да ги погледнете најинтересните моменти од ова необично патување.

ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ: Mouss Production