Ривалот на Македонија ќе организира турнир пред СП: Шпанија ќе се „тестира“ со Полска и Белорусија

Еден од противниците на Македонија на претстојниот Мундијал во Германија и Данска со кој имаме негативен биланс – Шпанија, договори дел од пријателските натпревари што ќе игра пред светскиот собир.

Од 3 до 5 јануари во Паленсија ќе се одигра традиционалниот турнир што го организира шпанската федерација во овој период. Покрај домаќинот, ќе учествуваат и селекциите на Полска, Белорусија и Саудиска Арабија, кои исто така ќе се подготвуваат за СП.

03/01/2019, Шпанија – Саудиска Арабија, 20:00 часот
04/01/2019, Шпанија – Полска, 20:00 часот
05/01/2019, Шпанија – Белорусија, 17:00 часот

Македонија и Шпанија ќе се сретнат во Минхен на 16 јануари од 20:30 часот.