Мундијалот се наближува, кадетите ќе стартуваат со подготовки на 10 јули

Машката кадетска репрезентација на Македонија ја очекува настапот на Светското првенство што ќе се одржи во Скопје од 6 до 18 август.

Селекторот Данило Брестовац ќе го објави поширокиот список на репрезентативци следната седмица, а подготовките на кадетите ќе започнат на 10 јули.

Ќе се одвиват во две фази, а се уште не се најавени пријателски натпревари пред стартот на Мундијалот, но не е исклучено да бидат одиграни.