Мукаетов: Невлегувањето во Топ 12 на Мундијалот е неуспех

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов даде свој осврт на одработеното за време на последниот Мундијал каде што Македонија не успеа да дојде до позиција која води во квалификациите за Олимписките игри.

„Невлегувањето во Топ 12 на СП го сметам за неуспех. Тоа е накратко она како јас гледам на настапот на Мундијалот. Што се однесува до Исланд одработивме добро и освоивме одлични три бода. За следните средби мораме да бидеме максимално фокусирани за дуелот против Турција. Мораме да бидеме максимално подготвени и да одработиме со сите сили. Пристапот мора да биде професионален. Еднаш се изгоревме и не смее да ни се случи повторно“, рече Мукаетов.

Тој потврди дека ќе бидат обезбедени условите кои се потребни за да се одработи според планот на селекторот така што ќе има простор за добро сработување на задачите.