МТК Будимпешта не издржа против Шиофок

Со натпреварот МТК Будимпешта – Шиофок се комплетираше петтото коло од унгарското домашно првенство во женска конкуренција. Домашните ракометарки на Будимпешта беа убедливо поразени со високи 37 : 29 ( 18 : 17) од Шиофок. Во првото полувреме Шиофок одигра просечен натпревар и му дозволи на противникот рамноправно да се носи во првиот дел. Во второто полувреме прославената бразилска репрезентативка Даниела Пиедаде одигра одлично во одбраната, а од контра – нападите без грешка погодуваше Анамариа Орбан која го заврши натпреварот со 11 постигнати погодоци во мрежата на домашниот тим.

Составот на Бекешчаба оствари висока победа против Сегед со 33 : 25 ( 19 : 11) .

Резултати петто коло:

ФТЦ – Дебрецен 32 : 17 ( 14 : 7)

Дунајварош – Вац 27 : 20 ( 12 : 9)

Ѓер – Мошонмаѓаровар 39 : 20 ( 19 : 11)

ЕРД – Фехервар 21 : 21 ( 9 : 10)

МТК Будимпешта – Шиофок 29 : 37 ( 17 : 18)

Бекешчаба – Сегед 33 : 25 ( 19 : 11)