Мркиќ пак најдобра, Бор загуби од Медицинар

Македонската интернационалка Савица Мркиќ игра одлично во српскиот шампионат, во дресот на екипата на Бор. Таа веќе три кола по ред е најдобар стрелец во нејзиниот тим, кој загуби втор пат во серија, овојпат од Медицинар со убедливи 35:25.

Мркиќ постигна 6 голови на овој дуел и беше прогласена за најдобар играч од поразената екипа. Бор се наоѓа на 8 позиција на табелата во српската Супер лига, а следниот меч ќе го игра на домашен терен против Раднички Крагуевац.