Мркиќ даде повеќе од половина голови на Грота

Македонската интернационалка Савица Мркиќ игра во одлична форма на Исланд. Иако неговата екипа загуби на последните два натпревари, левиот бек е најдобар стрелец во тимот на Грота, кој има големи проблеми со повредени ракометарки.

На дуелот кој Грота го загуби дома од Селфос со 19:21, Мркиќ даде повеќе од половина голови за домаќинките, вкупно 11, додека на следниот меч кој Грота го загуби исто така од првакот Фрам со 17:33, Мркиќ беше прецизна 9 пати.